Мар Дел Плата: Судири на полицијата и демонстрантите

Анти-американските протести во аргентинското летувалиште Мар Дел Плата, каде што се одржува самит на државите од двата американски континента, се претворија во судири на полицијата со демонстрантите. Полицијата со солзавец и гумени куршуми ги растера демонстраните, кои почнаа да кршат излози и да палат огнови. Нема извештаи за повредени, а 64 лица биле уапсени. Претходно илајдници луѓе мирно протестираа против политиката на претседателот Џорџ Буш, меѓу кои беа и претседателот на Венецуела Хуго Чавез, како и фудбалската легенда Диего Марадона.