Ирак: Акција на американските и ирачките сили против милитантите

Американски и ирачки сили изутрината започнале голема воена акција против милитантите во близина на ирачката граница со Сирија. Целта на акцијата е уништување на мрежата на Ал Каида и воспоставување контрола и во тој регион, пред парламентарните избори во Ирак, што треба да се одржат во наредниот месец.