Багдад: Шест полицајци загинаа

Во напад на полициско контролно место на 45 километри северно од Багдад се убиени 6 полицајци, а 10 други се ранети. Во меѓувреме еден американски војник е убиен, а американската војска соопшти дека неговата смрт не е поврзана со борбените дејствија.