Букурешт: Уште два случаи на птичји грип

Романското министерство за земјоделство денеска соопшти дека во југо-источниот дел на земјата се откриени уште два случаи на птичји грип. Примероци од дива гуска и од лебед се испратени на дополнителни анализи во Лондон за да се утврди дали станува збор за смртоносниот вирус Ха 5 Ен 1.