Карибила: Бомбардирана куќа под сомневање дека во неа е еден од лидерите на Ал Каеда

Американски авиони во текот на изминатата ноќ бомбардирале една куќа во ирачкиот град Карабила, во близина на границата со Сирија, во која, како што е соопштено, бил еден од лидерите на Ал Каида. Не е познат бројот на жртвите. Според американските и ирачките сили, долината на реката Еуфрат е главната база на странските милитанти, кои вршат напади во Ирак. Инаку, Пентагон соопшти дека од јануари 2004-та досега, во нападите на бунтовниците, 26 илјади ирачани загинале или биле повредени.