Газа: Појасот Газа може да се претвори во затворенички камп

Палестинскиот министер за надворешни работи Насер Ал Кидва изјави дека Појасот Газа би можел да се претвори во затворенички камп доколку не биде воспоставена безбедносна контрола. Во Појасот Газа во последниве денови се интензивираа насилствата. Во текот на изминатите 24 часа израелските сили убија тројца палестински милитанти.