Њу Делхи: Над 60 загинати во серијата експлозии

Најмалку 61 лице загина, а околу 100 се повредени во трите експлозии што одекнаа во индискиот град Њу Делхи. Индиската полиција воведе мерки за поголема безбедност и приведе околу 150 лица во врска со синоќешните напади. Индискиот премиер Манмохан Синг ги оцени експлозиите како ,,акт на тероризам,, но изјави дека сеуште е рано за да се утврди кој стои зад нив. Нападите во Њу Делхи ги осудија генералниот секретар на ОН Кофи Анан, Европската Унија, Соединетите држави, Кина како и Пакистан. Две од експлозиите одекнаа на пазари кои биле преполни со народ во пресрет на хиндускиот празник Дивали и муслиманскиот фестивал Еид ал Фитр, а трета експлозија одекнала во автобус.