Техеран: Иран нема намера да го нападне Израел

Иранските власти денеска соопштија дека немаат никаква намера да го нападнат Израел и дека ги почитуваат сите меѓунарони обврски како што е Повелбата на Обединетите Нации. Ова се наведува во соопштението на министерството за надворешни работи во кое како неприфатлива се оценува осудата на Советот за безбедност во врска со изјавата на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат дека Израел треба да биде избришан од картата. Во соопштението се поставува прашањето: Зошто Советот за безбедност не ги осуди воените закани на американските и израелските раководители против Иран.