Пјонгјанг: Посета на кинескиот претседател Ху Џинтао

Кинескиот претседател Ху Џинтао допатува денеска во тридневна официјална посета на Северна Кореја на разговори со претседателот Ким Јонг Ил. Главна тема е нуклеарната програма на Пјонг Јанг и можностите за продолжување на 6-партитните преговори. Последната рунда преговори на кои се вклучени Кина, Јапонија, Соединетите Држави, Русија и двете Кореи, во септември во Пекинг, заврши без конкретен резултат.