Њујорк: ОН разочарани од ефектите од донаторската конференција за Пакистан

Обединетите Нации изразија разочараност од ефектите на вчерашната меѓународна донаторска конференција за настраданите од земјотресот во Пакистан. Имено, земјите донаторки понудија петстотини и осумдесет милиони долари помош што, според светската организација, не е доволно за итните потреби за преживеаните кои останаа без своите домови.