Техеран: Западните земји ја осудија изјавата на иранскиот претседател

Западните земји остро го осудија иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат за неговата изјава дека Израел би требало да биде уништен. Израел веднаш побара отстранување на Иран од Обединетите Нации. Изјавата на иранскиот претседател, од британското министертво за надворешни работи беше оценета како болна, додека Франција најави дека ќе го повика иранскиот амбасадор во Париз на дополнителни објаснувања. Соединетите Држави пак оценија дека ваквите изјави се особено загрижувачки ако се има предвид тоа што Иран ја развива својата нуклеарна програма. Ахмадинеџат на конференцијата во Техеран насловена како Свет без ционизам изјави дека Израел би требало да биде избришан од картата на светот.