Ерусалим: Израелската армија го убила главниот командант на Исламски Џихад

Израелската армија соопшти дека го убила Лоаи Асади, главниот командант на палестинската милитантна организација Исламски Џихад. Прецизарно е дека тој бил главната цел на денешниот упад на израелската армија во Западниот Брег. Асади е осомничен за неколку бомбашки напади врз израелски цели.