Тирана: Посета на косовскиот премиер Косуми

Косовскиот премиер Бајрам Косуми престојува во Тирана на разговори со неговиот албански колега Сали Бериша. Се очекува главни теми да бидат развојот на билатералните односи и претстојната одлука за почетокот на преговорите меѓу Приштина и Белград за идниот статус на Косово.