Измир: Силен земјотрес, 15 лица повредени

Земјотрес со сила од пет запирка девет степени според Рихтеровата скала денеска го погоди западниот дел на Турција. Гувернерот на Измир Каган Коксал соопшти дека петнаесетина лица биле хоспитализирани поради срцеви удари и поради повредите здобиени по скокањето од балконите. Епицентарот на земјотерсот бил во Егејско море.