Тајланд: Уште еден смртен случај од птичји грип

Во Тајланд денеска бил забележан уште еден смртен случај од птичјиот грип, соопшто премиерот на таа земја Таксин Шинаватра, додавајќи дека од ова заболување во таа земја досега починале штинаесет луѓе. Во неколку азиски земји од појавата на птичјиот грип пред две години досега умреле повеќе од шеесет луѓе. Во меѓувреме, денеска во Лондон треба да се одржи состанок на министрите за здравство на Европската Унија кои ќе расправаат за мерките за спречување на ширењето на птичјиот грип. Исто така Европската Унија се очекува да го забрани увозот на пилешко месо од Русија откако вчера во близина на Москва бил откриен смртоносниот по луѓето вирус Ха пет Ен еден.