Багдад: Почеток на судењето против Садам Хусеин

Речиси две години по апсењето, денеска во Багдад треба да започне судскиот процес против поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин. На Хусеин и на уште 7-мина негови соработници ќе им се суди за убиството на над 140 шиити во селото Дуџаил во 1982 година. Доколку бидат докажани обвинивањата, тие би можеле да добијат смртни казни. Адвокатот на одбраната најави дека ќе побара одлагање на процесот за 3 месеци.