Тирана: Посета на шефот на УНМИК Сорен Јесен Петерсен

Шефот на УНМИК Сорен Јесен Петерсен денеска во Тирана ќе се состане со албанскиот премиер Сали Бериша. Главни теми се идниот статус на Косово и развојот на односите со Албанија. Бериша вчера оцени дека треба да се почитува волјата на косовскиот народ за независност.