Москва: Средба на Кондолиза Рајс со Сергеј Лавров

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс и рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров на денешните разговори во Москва не постигнаа согласност во врска со иранската нуклеарна програма. Лавров по средбата изјави дека проблемот може да се реши со помош на меѓународната агенција за атомска енергија, додека Рајс инсистира тоа шрашање да се најде пред Советот за безбедност на Обединетите Нации. Кондолиза Рајс денеска ќе има средба и со рускиот претседател Владимир Путин, а потоа ќе отпатува за Лондон.