Казахстан: Кондолиза Рајс ги поздрави авганистанските чекори кон демократизација

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс денеска ги поздрави авганистанските чекори кон демократизација на земјата. Таа ја изрази и американската поддршка во напорите за совладување на милитантните авганистански бунтовници. Рајс е на тридневна турнеја по регионот во рамките на која престојуваше во Киргизстан, а треба уште да ги посети Казахстан и Таџикистан.