Кашмир: Десетици илјади преживеани и натаму чекаат помош

Десетици илјадници преживеани од земјотресот во пакистанскиот дел на Кашмир и натаму чекаат помош. Три дена по земјотресот властите наведуваат дека главниот проблем за доставување помош е лизгањето на земјиштето во планинските подрачја. Од земјотресот во Пакистан загинаа 21 илјада лица, а во соседна Индија 1200 лица.