Берлин: Средба Шредер-Меркел

Германскиот канцелар Герхард Шредер и лидерот на конзервативната партија Ангела Меркел денеска ќе остварат уште една средба на која треба да се договорат кој ќе биде германски канцелар. Поради тесните резултати на изборите од минатиот месец, двете партии одржаа неколку средби во обидот да договорат формирање на Влада.