Букурешт/Анкара: Превенција по откривањето на птичји грип

Романија и Турција вчера соопштија за први регистрирани случи на птичји грип. Романските здравствени институции денеска ќе започнат со вакцинација на стотици луѓе како превенција од вирусот, а турските власти соопштија дека ги преземале сите мерки на безбедност откако во провинцијата Баликешир на фарма за мисирки угинаа 2000 птици заболени од птичји грип. Како што е соопштено вирусот во овие земји е пренесен од птиците преселници.