Вашингтон: Неколкудневна балканска турнеја на Николас Бернс

Американскиот помошник државен секретар за политички прашања Николас Бернс во идната недела ќе замине во неколудневна турнеја по Балканот, соопшти Стејт Департментот. До оваа најава дојде само неколку часа откако генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан го доби извештајот за проценките на стандардите на Косово подготвен од специјалниот пратеник Каи Еиде. Анан изјави дека најверојатно ќе препорача продолжување на преговорите за статусот на Косово.