Лондон: Самит меѓу Русија и ЕУ

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Лондон ќе присуствува на самитот меѓу Русија и Европската Унија. Како главни теми се најавени економската соработка, како и борбата против тероризмот, трговијата со дрога и организираниот криминал. За време на вчерашната посета на Белгија, Путин побара поголемо учество на Унијата во изградбата на гасоводот од Балтичко Море до Германија.