Израел: Суспендирање на нападите врз Појасот Газа

Израел соопшти дека ги суспендира воздушните напади на Појасот Газа, но предупреди дека израелските сили се подготвени да ги продолжат нападите, доколку повторно се случи рекетирање на израелски територии од страна на палестиниците. Израелски претставници изјавија дека со операцијата која се состоеше од воздушни напади, во која беа уништени неколку складишта на оружје, како и седиштата на палестинските милитанти, се постигнала целта. Инаку, палестинските милитантни групи Хамас и Исламски Џихад објавија крај на нападите уште минатата недела.