Сан Салвадор: Ерупција на вулкан

Властите во Сан Салвадор, евакуираа стотина луѓе кои живеат во близина на вулканот Иламатепек кој е познат и како Санта Ана, поради ерупција на вулканот. Вулканот кој се наоѓа на 65 километри од Сан Салвадор, последен пат бил активен во 1904-тата година.