Белград: Ослободен екс министерот за правда на Србија Владан Батиќ

Поранешниот српски министер за правда Владан Батиќ, е ослободен по 48 часовен притвор. Батиќ кој служеше во владата на убиениот премиер Зоран Џинџиќ ја обвини владата на Воислав Коштуница дека му монтира политички процес. Тој е обвинет за злоупотреба на функцијата, но формално обвинение не е покренато.