Казахстан: Астронаути на патување во вселената

Шефот на НАСА Мајкл Грифин денеска ќе го посети космодромот Бајконур во Казахстан во рамките на подготовките на утрешното полетување на нов екипаж за Меѓународната вселенска станица. Во екипажот, покрај двајцата астронаути Валери Токарев и Вилијам Мекартур ќе биде и шеесет и годишниот Грегори Олсен американски физичар кој платил дваесет милиони долари за десет дневниот туристички престој во Вселената.