Џенин: Израелски сили убија тројца осомничени милитанти

Израелските сили денеска убија тројца осомничени милитанти во близина на Џенин на Западниот Брег, јавија новинските агенции. Израел започна серија напади врз Газа и Западниот Брег пред една недела како одговор на ракетните напади врз Израел од милитанти во Газа. Бригадата Ал Акса најави дека ќе возврати затоа што еден од убиените бил нивен активист.