Берлин: Состанок за формирање на нова влада

Во Берлин денеска ќе се состанат претставници на Социјал- Демократската Партија и на Христијанско – Демократската Унија на разговори околу формирањето на новата германска влада. Ни од овој состанок не се очекува конечен договор, бидејки и Герхард Шредер и Ангела Меркел не се откажуваат од местото канцелар. На изборите на 18-ти септември, СПД на Шредер освои 222 места во Бундестагот, а ЦДУ на Меркел, 225.