Париз: Хавиер Солана побара поголем ангажман на ЕУ на Балканот

Еврокомесарот за надворешна политика Хавиер Солана побара од Европската Унија да го зголеми својот меѓународен ангажман, осоебно на Балканот. Говорејќи пред членовите на Институтот на Европската Унија за безбедносни студии, Солана оцени дека подобрувањето на безбедносната ситуација на Балканот претставува европска одговорност.