Газа: Неколку напади на израелски хеликоптери

Израелски хеликоптери во текот на изминатата ноќ извршиле неколку ракетни напади врз градовите Газа и Кан Јун, соопштија претставници на палестинските безбедносни сили. Нападите, како што изјави претставник на израелската армија, биле со цел уништување на тамошните фабрики и складишта за оружје. Станува збор за први напади по израелското повлекување од Појасот Газа.