Охрид: Средба на началниците на ГШ на земјите од Јадранската група

Денеска во Охрид ќе се одржи средба на началниците на Генералштабовите на армиите на земјите членки на Јадранската група, Македонија, Албанија и Хрватска, на која ќе присуствува и македонскиот министер за одбрана Јован Манасиевски. На состанокот во Охрид ќе присуствуваат и началникот на штабот на Командата на Соединетите држави за Европа Колби Броудвотер, претставници на НАТО во Македонија, како и американскиот амбасадор во земјата Џулијан Миловановиќ. На средбата ќе се дискутира за степенот на постигнатите реформи на вооружените сили на трите земји.