Газа: Израелската армија продолжи со воздушните напади во Газа

Израелската војска продолжи со нови воздушни напади во Појасот Газа, при што досега се ранети околу 20-тина палестинци, а во акцијата на изрелската армија која трае од синоќа, загинаа и двајца членови на милитантната група Хамас. Израелскиот премиер Ариел Шарон изјави дека наредил продолжување на воздушните напади против палестинските милитанти во Појасот Газа. Израел соопшти дека акцијата е одговор на серијата ракетни напади што претходно се случија на израелска територија, извршени од палестинските милитанти. На Западниот Брег војската на Израел уапсила повеќе од 200-те лица, осомничени дека им припаѓаат на палестинските милитантни групи Хамас и Исламски Џихад.