Лос Анџелес: Успешно слетување на авион со дефект на тркалото

Американскиот патнички авион Ербас 320 успешно слетал во Лос Анџелес по три часа кружење поради тоа што предното тркало се заглавило и не влегло во авионот по полетувањето од Бурбанк. Ербасот кружел со цел да го потроши горивото. Повредени нема.