Москва: Русија бара од ОН изготвување листа на сите познати терористички организации

Русија побара од Обединетите Нации да состави едионствена листа на сите познати терористички организации со цел интензивирање на меѓународната борба против теророт. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во Њујорк оцени дека сегашните мерки и санкции не се доволни за спречување на активностите на терористите.