Кабул: Парламентарни избори во Авганистан

Во Авганистан денеска се одржуваат парламентарни и покраински избори, први по три децении во земјата. Повеќе од 12 милиони гласачи треба да изберат 249 пратеници во авганистанскиот парламент и 420 одборници во 34 провинции. Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи истакна дека изборите ќе бидат од историско значење по 30 години војни, окупација и сиромаштија во земјата. Инаку, во последните насилства во Авганистан загинале тројца припадници на безбедносните сили, додека неколкумина се ранети. Во нападот што се случил во провинцијата Кост биле убиени и тројца талибански бунтовници.