Бејрут: Најмалку едно лице загинало во експлозија

Либанските власти соопштија дека најмалку едно лице загинало, додека дваесетина други биле повредени во синоќешната експлозија во главниот град Бејрут. Експлозијата се случила во предградие населено претежно од христијани. Се уште никој не ја презеде одговорноста за експлозијата.