Пекинг: Кина понуди компромисен документ, шестпартитните преговори на крстосница

Шестпартитните разговори за севернокорејската нуклеарна програма се најде на крстосница, откако Кина понуди компромисен нацрт документ. Во него се наведуваат принципите за забрзување на чекорите за изнаоѓање траен излез од тригодишниот ќорсокак. Американскиот пратеник на разговорите во Пекинг Кристофер Хил не сакаше да одговори како американската делегација ќе реагира на кинескиот предлог.