Тбилиси: Една улица ќе го носи името на американскиот претседател Буш

Властите на грузискиот главен град Тбилиси решија една улица да ја именуваат по американскиот претседател Џорџ Буш. Градоначалникот на Тбилиси Џиџи Угулава изјави дека одлуката била донесена во чест на, како што рече, човекот кој ја помогна демократската трансформација на Грузија. За време на неговата посета на Тбилиси, во мај годинава, Џорџ Буш изјави дека Грузија е светилник за демократијата во регионот.