Њу Орлеанс: Продолжува потрагата на националната гарда

Припадниците на американската национална гарда ја продолжуваат потрагата од куќа во ќуќа во поплавениот Њу Орлеанс, при што се јавува дека бројот на загинатите од ураганот Катрина се покачил на 650 лица. Во Вашингтон американскиот претседател Џорџ Бушп за прв пат презеде лична одговорност за бавното дејствување на федералната влада по ударот на Ураганот на американскиот југ.