Никозија: Кипар се закани со блокирање на преговорите на Турција

Кипар денеска се закани дека ќе го блокира почетокот на пристапните преговори на Турција за членство во Европската унија поради одбивањето на Анкара да го признае Кипар, јави кипарското државно радио. „Ако нема договор, тоа ќе значи дека нема договор за турскиот преговарачки мандат со ЕУ, а тоа значи дека нема да започнат ниту пристапните преговори на 3 октомври“, изјави денеска портпаролот на кипарската влада Кипрос Хрисостомидес.