Пекинг: Евакуација на стотици луѓе пред тајфунот Канун

Уште неколку стотици илјади луѓе денеска биле евакуирани од неколку места на источниот брег на Кина поради тајфунот Канун, соопшти кинеската влада. Овој тајфун синоќа ја погоди провинцијата Џеџијанг, која се уште се опоравува од последиците што пред неколку дена ги остави тајфунот Талим. Во тоа невреме загинаа околу сто луѓе. Инаку, денеска во Пекинг е соопштено и тоа дека Кинеската влада веќе нема да ги смета како државна тајна бројките на жртвите од природните катастрофи.