Њујорк: Четири години од терористичките напади на Соединетите држави

Во Соединетите држави денеска се одбележува четири годишнината од терористичките напади во земјата, во кој загинаа три илјади лица. Главната церемонија за одбележување на настанот се одржува во Њујорк на местото каде се наоѓаа кулите на Светскиот трговски центар. Американскиот претседател Џорџ Буш, во своето радио обраќање, освен на загинатите од 11-ти Септември, потсети и на жртвите од Ураганот Катрина што минатиот месец ги погоди Луизијана, Алабама и Мисисипи. Буш денеска повторно ќе замине во погодените реони, што ќе биде негова трета посета на подрачјата разурнати од Ураганот Катрина во кој според последните податоци загинаа околу 400-тини лица.