Тирана: Албанскиот парламент го поддржа новиот состав на Владата

Албанскиот парламент го поддржаа новиот состав на Владата на премиерот Сали Бериша, чија Демократска партија победи на изборите во земјата одржани на 3-ти јули. За новата Влада гласаа 84 пратеници, а 53 се изјаснија против. Како приоритети на Владата, Бериша ги наведе борбата против сиромаштијата, невработеноста и корупцијата.