Токио: 32 лица исчезнати во налетот на тајфунот Наби

Најмалку 32 лица го загубија животот или исчезнаа во Јапонија и Јужна Кореја во налетот на тајфунот Наби кој изутрината започна да се одалечува од јапонскиот архипелаг. Тајфунот предизвика голема материјална штета а, околу 100 илјади луѓе беа евакуирани.