Москва: Притисокот за реформи може да доведе до хаос, смета Путин

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека странскиот притисок за реформи во поранешните советски републики може да предизвика тие да станат хаотични банана држави. Во денешното издание на британски Тајмс Путин додадва дека западните влади можеби згрешиле што ги поддржале невладините организации во уривањето на власта во Украина во која сега корупцијата е во пораст.