Кина: 45 лица загинаа во невремето од тајфунот Талим

Најмалку 45 луѓе загинале, а 20-тина исчезнале во поплавите и лизгањето на земјиштето во Кина, предизвикани од тајфунот Талим. Овој тајфун во четвртокот го опустоши брегот на Кина, а претходно го погоди и Тајван, каде што две лица загинаа, а над 20 беа повредени.