Вашингтон: Русија, Иран, Сирија и Северна Кореа продолжуваат со развивање биолошко оружје

Во најновиот извештај на американскиот Стејт Департмент се наведува дека постојат докази оти Русија, Иран, Северна Кореа и Сирија продолжуваат да ги развиваат нивните програми за биолошко оружје. Во извештајот се додава и тоа дека американските експерти се поделени околу тоа дали и Кина се обидува да дојде до ваков тип на оружје.