Узбекистан: Одобрен владиниот предлог за протерување на американските сили

Узбекистанскиот Сенат денеска го одобри владиниот предлог за протерување на американските сили од Узбекистан. Од Соединетите Држави се бара во рок од 6 месеци да се повлечат од воздушната база во Узбекистан, која имаше важна улога во акциите на американските сили во соседен Авганистан. Ваквото барање се смета како одговор на тоа што Вашингтон се залагаше за независна истрага за мајските инциденти во узбекистанскиот град Андиџан.